Вучиќ најави предвремени избори во Србија во мај или декември идната година


Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во Србија ќе се одржат предвремени избори во мај или декември следната година.Пореално, според него, е изборите да се одржат кој крајот на 2026 година, во ноември или декември. Додаде дека надлежните инситуции навреме ќе одлучат дали изборите ќе бидат двојни – парламентарни и претседателски.

„Моите противници ја чекаат оваа одлука и се молат на Бога да не ја донесам наскоро“,
рече Вучиќ.

По падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 16 луѓе, во Србија се развија масовни студентски движења кои на протестите, меѓу другото, бараа Вучиќ да распише предвремени парламентарни избори.