Враќањето на Бољшој театарот се сопна откако изведувачи беа позитивни на Ковид-19


Бољшој ја отвори сезоната со претставата „Дон Карло“ на Верди со строги мерки на безбедност. Па, сепак, по само две претстави, програмата е запрена

Реалноста на пандемијата се вмеша во плановите на славната оперска куќа за новата сезона. И славната сопранистика Ана Нетребко е позитивна на корона

 

Вратите на Бољшој во Москва останаа отворени дури и во време на револуција и војна. Па, откако корона вирусот ја предизвика најдолгата пауза во програмата на театарот во Москва повеќе од два века, тој беше желен да се врати назад.

Во текот на летото беа објавувани планови за нешто што се приближува до целосната сезона на опера и балет преку неговите три сцени, а на 6 септември, театарот ја започна сезоната со екипа полна со ѕвезди со изведба на „Дон Карло“ од Џузепе Верди, дури и кога Москва продолжи да забележува стотици нови случаи секој ден.

Но, не требаше долго за да интервенира реалноста на пандемијата: третата и последната претстава на „Дон Карло“ мораше да се откаже во последен момент откако пејачот Илдар Абдразаков беше позитивен на ковид. Подоцна, славниот сопран Ана Нетребко објави на Инстаграм дека и таа има позитивен тест.

„Ние разбираме дека корона вирусот не отишол никаде, епидемијата продолжува“, рече генералниот директор на Бољшој, Владимир Урин. „За жал, во сегашната ситуација, може да стане дел од нашето секојдневие па на кратко време мора пак да запреме“.

Театрите ширум светот се борат да најдат одржлив начин за работа во услови на постојана пандемија. Оперските куќи се особено ранливи, со пејачи кои често се резервираат години однапред и со огромна скапа продукција со стотици пејачи и музичари кои се ноќна ако мора да бидат откажани набрзо.

Во текот на летото, неколку оперски фестивали го тестираа животот во новата реалност и голем број куќи низ цела Европа повторно се отворија со строги безбедносни мерки и исклучително ограничените програми.

Русија сè уште е затворена за повеќето меѓународни летови, а театарот мораше да изнајми авион за да донесе режисери во Москва за премиерата на четири балети во еден акт со што ја отвори својата танцова сезона на почетокот на септември.

Бољшој продава само 50 отсто од местата за сите продукции, а има и проверки на температурата при влез. Маските требаше да бидат задолжителни, но на изведбата на балетот „Ромео и Јулија“ минатата недела, аудио пораките со кои се молеа луѓето да носат маски, повеќето во публиката ги игнорираа. Барот во паузите беше преполн со демаскирани гледачи кои уживаа во шампањ и торта.

Русија регистрира најмалку 4.500 нови случаи со корона вирус дневно од крајот на април, со околу 600 на ден во Москва. Животот во руската престолнина продолжува со мала загриженост за вирусот откако властите започнаа да ги олеснуваат строгите регулативи за заклучување во јуни. Рестораните, баровите и метрото се преполни, а иако носењето нараквици и маска е замислено да биде задолжително, во реалноста тоа го прави само малцинство. (Гардијан)