Војвотката Ферги прв пат поканета на Божик во Сандрингам од 1992 година


 

Англија- Кралот Чарлс менува еден куп кралски божиќни традиции и очигледно ја прекинува забраната за божикни празници на а војвотката Сара Фергусон со кралското семејство. Според The ​​Sun, принцезата Јуџини и мајката на принцезата Беатрис ќе бидат поканети на Божик во Сандрингам за прв пат по нејзиниот инцидент со цицање прсти.

Ферги го нема поминато Божиќ со кралското семејство од 1992 година, кога и беше забрането од сопругот на кралицата, принцот Филип, кога се појави фотографијата како финансискиот советник Џон Брајан ѝ го цица нејзиниот прст. Но, очигледно Чарлс е подготвен да прости за овој скандал три децении подоцна, а извор вели дека Вуд Фарм на имотот Сандрингам се подготвува за Ферги, нејзиниот посрамен поранешен сопруг принцот Ендру по педофилскиот скандал со Џефри Епстајн и нивните деца да останат за Божик.

Сандригам- омилениот имот на кралицата Елизабета Втора за божикните празници

„Ендру е избришан  јавниот живот, но не можете да му забраните семеен Божиќ“, објасни извор за сомнителната одлука да се вклучи принцот Ендру, додавајќи дека „Вработените во Сандрингам имаат задача да ја подготват Вуд Фарм за целото семејство Јорк. Кога се раздели со Ендру, на Сара никогаш не и беше дозволено присуство на семејниот  Бадник и Божик додека Филип и кралицата беа живи. 30 години таа имаше божиќна вечера сама. Но, сега работите се поинакви.

Звучи како Ферги да е добредојдена назад во семејството, но кога станува збор за принцот Ендру,  кралот Чарлс е вознемирен што останатите негови браќа и сестри се собраа во јавност со Ендру минатата недела. Извор изјави за Дејли Мејл дека „Кралот Чарлс се вели дека не бил задоволен што Едвард и Ана јавно се среќавале со Ендру и сакал да биде јасно дека тој не бил дел од дружбата“.