Војската на Србија на вежбата претстави досега непознат дрон камиказа
На воениот полигон „Пасуљанске ливаде“ во Србија во тек е вежбата „Огнен удар 2024“, при што се вежбаат борбени операции со употреба на беспилотни летала за извидување и огнена поддршка, соопшти српското Министерство за одбрана.
Во вежбата учествуваат околу 1.500 припадници на Армијата на Србија и повеќе од 300 борбени возила, вклучително и оние кои се во процес на модернизација, развој и тестирање за потребите на Армијата на Србија. На полигонот се единици на копнената армија, воздухопловните сили, како и силите за специјални операции и антиелектронско војување и експерти од Воено-техничкиот институт, објави МОРС.
Српскиот воен портал „Танго шест“ пишува дека, иако не се споменува по име, на вежбата било претставено досега непознатото беспилотно летало SM2 произведено од компанијата EDGE од Обединетите Арапски Емирати, што може да се види на една од објавените фотографии, од страна на Министерството за одбрана на Србија. Станува збор за беспилотно летало камиказа кое може да носи корисен товар или боева глава од десет или 23 килограми, а порталот наведува дека покрај поголемата верзија на SM2, се тестира и помала верзија на SM1.