Во зоолошка градина во САД се роди ретка жирафа без дамки


Во една американска зоолошка градина е родена еднобојна жирафа, без ниту една дамка карактеристична за нејзиниот вид, што е многу ретко, соопшти управата.

„Жирафа без дамки е многу ретка“, изјави за АФП Дејвид Брајт, директор на зоолошката градина Брајтс во Тенеси. „Ова не е забележано од 1972 година во Токио“, додаде тој.

Малото кафеаво животинче кое сепак е високо 1,80 метри е родено на 31 јули. Женката добро напредува благодарение на грижата на нејзината мајка и експертите од зоолошката градина, велат од институцијата. Пегите на жирафата првенствено се користат за камуфлажа во вегетацијата. Оваа жирафа, напротив, го привлекува вниманието на медиумите од целиот свет.

Зоолошката градина се надева дека написите во весници посветени на жирафата ќе го привлечат вниманието на јавноста кон заканите за нејзиниот вид.

„Дивите популации полека изумираат. За три децении, 40 отсто од популацијата на дивите жирафи се изгубени“, рече основачот на зоолошката градина Тони Брајт во соопштението.