(Во живо) Мицкоски и Јаневска за бесплатниот превоз на студентите
Владата на денешната седница, донесе одлука бесплатниот јавен превоз на студентите да продолжи и следната учебна година, за што префрлени се 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на ЈСП, за да може оваа мерка непречено да се одвива и следната учебна година.
Според премиерот Христијан Мицкоси превозот за студентите е една од поголемите ставки на трошоци за нив, а со охрабрувањето на студентите да се возат со градски превоз, се намалува употребата на приватните возила.
Бесплатниот јавен превоз, како што рече, ќе им овозможи поголема достапност и ќе ги ослободи од финансискиот товар со што ќе може повеќе да се фокусираат на студиите и личниот развој.
Министерката Јаневска се заблагодари на Владата и посочи дека студентите и следната година ќе имаат бесплатен превоз што е особено значајно за нив и е насушна потреба бидејќи во јануари имаат сесија.
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје претходно испрати апел до Владата и МОН на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на крајот на минатиот месец изјави дека долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз.
Како што наведе Државниот завод за ревизија во извештајот што го објави во октомври, МОН две години не ги покривало трошоците за превоз на студентите, Владата не донела одлуки, иако продолжи бесплатниот превоз на студентите од ЈСП.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска со заедничка прес-конференција.
Проследете ја во живо: