(Во живо) Прес-конференција на Фатон Асани и директорот на „Славија” Блаже Зафировски
Владата и Агенцијата за управување со одземен имот ја интензивираа својата работа во насока на средување на сите процесни подготовки за продажба на имотот кој е претходно конфискуван врз основа на правосилни судски пресуди за сторени кривични дела.
Владата одлучи и ја задолжи Агенцијата за управување со одземен имот да ја отпочне постапката за продажба на АД „Славија“.
Оваа активност е во насока на менаџирање на последиците од сторените кривични дела и отстранување на штетите кои се предизвикани со криминални активности, штети и за државата и за буџетот, но и за други субјекти кои без своја вина трпеле негативно влијание од криминалните активности.