(Во живо) Теута Арифи прогласи тридневна жалост во Тетово


Советот на Општина Тетово прогласи три дена жалост. За тоа и за другите информации околу пожарот изјава на дава градоначалниката Теута Арифи.

-Како што веќе бевте информирани, се одржа седница на Советот. Дадени се три дена жалост, и исто така додека ги добиеме официјалните информации во однос на идентитетот на жртвите од енергентниот фонд што го имаме како општина Тетово ќе интервенираме до тие семејства, рече Арифи.

Посочи дека понуди за помош пристигнуваат од повеќе страни.

-Ова е време кога сите треба да бидеме заедно. Ги повикувам компетентните институции кои треба да ги завршат истрагите тоа да го направат што побрзо за да имаме информации за причините и за ситуацијата, истакна Арифи.

Во болницата во Тетово се наоѓаат повредените од пожарот, и како што истакна Арифи тие се во стабилна состојба.

„Сакам да ве информирам дека сум во постојан контакт со сите институции кои треба да ја завршат својата работа, и во секој момент кога ќе добијам потврдени официјални информации, нормално дека истите ќе ги споделам со вас. Сакам да се заблагодарам до сите граѓани, сограѓани на нашата држава, до сите наши пријатели и во регионот и подалеку кои се јавија со понуди за помош да помогнат сите на целата оваа ситуација да ја надминеме што побрзо“, рече Арифи.

Истовремено, таа ги повика и институциите што побрзо да ги завршат истрагите за да се дознаат причините за несреќата.