(Во живо) Изјава на министерот Тошковски: Идентификувани сите починати лица, завршена е обдукцијата

Сите починати лица се идентификувани, а завршена е обдукцијата на сите починати 59 лица, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопштувајќи ги најновите информации за трагедијата по пожарот во дискотеката во Кочани.
– Повредени се 196 лица, од кои 20 деца. Во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 во странство и тоа Србија, Бугарија, Австрија, Хрватска, Турција, Грција, Унгарија и Бугарија – рече Тошковски.
Додаде дека досега приведени се 18 лица, а задржани се 16 лица од кои што последното задржано лице се товари за тешки дела против општата сигурност, истото е потписник на основен проект за издавање на кабаре-клуб, еден од документите за да биде ставен во функција кабаре – клуб.
Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе даде изјава за медиумите. Проследете ја во живо: