Во Венецуела зголемена минималната плата за 289 отсто
Минималната плата во Венецуела се зголемува за 298 отсто и ќе изнесува седум милиони боливари (2,5 американски долари), соопшти венецуелскиот министер за труд Едуардо Пинате.
Тој додаде дека освен платите Венецуелците ќе добибваат и купони за неопходни производи со вкупна вредност од три миолиони боливари. Со тоа, вкупниот месечен минимален доход ќе изнесува 10 милиони болибвари (3,54 долари).
Во Венецуела досега минималната плата беше 1,8 милиони боливари (68 центи).