Во Србија речиси 6.000 заразени, починаа 58


 

Според последните податоци, во Србија денеска се регистрирани 5.809 позитивни случаи со корона вирус, а тестирани биле 14.486.

Во исто време починаа 58 лица со Ковид-19.

Поради влошената епидемиолошка состојба трговските центри, продавниците, обложувалниците, игротеките, фризерските и козметичките салони не работат ни денеска, а ќе бидат затворени до понеделник во 5 часот.