Во Србија повеќе од 2.200 новозаразени со Ковид-19


 

Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се 2.216 случаи со корона вирус.

Починаа осум пациенти од последиците на Ковид-19.

На респиратори се 44 пациенти, а во болница се лекуваат 1.007 лица.

Од почетокот на пандемијата во Србија се регистрирани 746.366 случаи со овој вирус, а тестирани се 4.931.082 лица.

Досега починаа 7.226 луѓе. Процентот на смртност е 0,97 отсто.