Во Србија починаа уште петмина од Ковид-19, новозаразени 276
Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 276 нови случаи со корона вирус, а починаа пет пациенти заболени од Ковид-19.
Со ова вкупниот број регистрирани случаи порасна на 27.608.
Во последните 24 часа тестирани се 9.922 примероци, или вкупно 733.059.
На респиратор се наоѓаат 118 пациенти.