Во Словенија уделот на позитивни е 44,2 отсто


 

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.008 новозаразени со корона вирус и бројот на заразени расте веќе осми ден, со висок удел на позитивни од тестирани.

Од 2.282 тестирани денеска се откриени 1.008 заразени, а позитивни се 44,2 отсто, јави Институтот за јавно здравје.

Епидемиолошката состојба се влошуба осми ден по ред.

Пред седум дена имаше 698 нови, а уделот беше 37,8 отсто. Повеќе од 1.000 заразени во еден ден имаше на крајот на ноември.

Состојбата во болниците не е многу влошена, а со 18.386 активни, во болница се само 533 ковид-пациенти, од кои 171 на интензивнанега.

Денеска се регистрирани тројца починати, со што вкупниот број жртви изнесува 5.603.