Во Словенија нов заразен, во Австрија се зголемува бројот


Здравствените власти во Словенија потврдија дека откриле нов случај на коронавирусот во општата болница во градот Јесенице.Се работи за пациент кои бил сместен на одделот на гастроенхепатологија, кај кој брисот покажал дека е позитивен на вирусот. Се работи за истата болница каде што пред само неколку дена беше откриена медицинска сестра со Ковид-19, по што голем број нејзини колеги беа тестирани и пратени во 14 дневна самоизолација.

Инаку, во Словенија вкупно од почетокот на епидемијата беа потврдени 1486 случаи на коронавирусот, а поради Ковид-19 починаа 109 лица.

Во изминатите 24 часа и во Австрија е регистрирано ново зголемување на бројот на пациенти со коронавирус во болниците.

Во изминатите 24 часа, бројот на новозаразени се зголеми за само 12, но во исто време бројот на хоспитализирани се зголеми на 84, од кои 19 се на интензивна нега.

Бројот на болни се намали на 342, откако во текот на викендот имаше мало зголемување поради новозаразени, пред се во Виена.

Од почетокот на епидемијата во Австрија досега има вкупно 16.891 луѓе заразени со коронавирусот, а 15.875 се излекувале.Бројот на починати е ист со денови и изнесува 672.