Во Сити мол вашите Тимберленд чизми ќе ги дизајнира Игор Стевковски

Ако сте од оние вљубените во најкултните жолти чизми на светот, тогаш, оваа сабота имаме настан токму за вас. Почнувајќи од 11 часот, во продавницата на Τимберленд (Timberland) во трговскиот центар Сити мол, ќе се случува вистинско уживање за сите посетители, проследено со неверојатно добри подароци со секоја сметка и супер изненадувања.
Токму последната кампања на Тимберленд уште еднаш нè потсетува на важноста на култните жолти чизми во општеството и како истите успеаја од навидум едноставни обувки, да станат икона на стилот за многумина.
Ова го докажува и фактот што токму некои од најголемите артисти во светот се дел од оваа кампања и ја раскажуваат нивната приказна поврзана со култните чизми, каде тие ги однеле во животот и зошто секој треба да поседува барем еден чифт.
Сите заедно, споделуваат инспиративни нешта од нивниот живот, нешта што ги движат напред и нешта кои им помагаат да продолжат да создаваат во животот.
„Секој нов ден надвор, наоѓам нешто што ме инспирира да правам нова музика, без разлика дали тоа е некоја ситуација, нов збор, боја, улица… Кога мислам на иднината, денес е првиот ден од мојот живот. Заборави на сè што се случило претходно. Само фокусирај се на следната цел и продолжи да движиш напред“, вели Мејхем Лорен како дел од инспиративните приказни на Тимберленд.
Токму вакви приказни ќе раскажуваме оваа сабота во продавницата на Tимберленд каде заедно со нашите пријатели ќе се обидеме да ви приредиме супер попладне проследено со многу подароци на кои знаеме дека ќе се израдувате.
Ве покануваме заедно да го одбереме совршениот чифт чизми за вас, а ние ќе се погрижиме викендот да биде вистинско уживање за вас и целото семејство!
(ПР текст)