Во Шведска, вакцинираните со симптоми на Ковид-19 нема да се тестираат, само да поседат дома


Шведска денеска направи уште еден чекор кон нормализација на секојдневието на граѓаните, па од 1 ноември ја укинува обврската за тестирање на корона вирус за потполно вакцинирани лица, за оние кои неодамна го прележале вирусот како и за децата до шест години.

Заводот за јавно здравје објасни дека овие граѓани доколку развијат симптоми на корона виурс, само треба да останат дома додека оздрават. На работните места, факултетите или во училиштата може да се вратат без тестирње, откако еден ден нема да имаат повисока температура, дури и ако не престанале сите симптоми.

„За оние кои не се вакцинирани уште постои обврската за тестирање во случај на појава на симптоми. Истото важи и за нивните контакти, за вработените во старечки домови, здравствените работници и за сите патници кои ќе дојдат во Шведска од земјите на континентална Европа“, рече Карин Тегмарк Висел, заменик на главниот државен епидемиолог.

Оваа одлука е последица на се подобрата ситуација во Шведска која покрај укинувањето на сите мерки пред две недели, одржа ниска стапка на зараза и смртност од Ковид-19. Во послендите две недели Пведска има 81 заразен на 100.000 ѓители, што ја сместува меѓу десетте земји со најмала стака на инфекција во Европа.

Стапката на позитивни е три отсто од тестирани.

Во Шведските болници во моментот се лекуваат 209 пациенти со Ковид-19, а 22 на интензивна нега. Од Ковид-19 досега во Шведска починаа 14.922 лица.

Вакцинацијата одлично е спорведена со 80 отсто од населението постаро од 16 години, па се подготвуваат за вакцинација на децата од 12 до 16 години.