Во Рио де Жанеиро се сруши зграда, загинаа маж и дете
Станбена зграда во дел од Рио де Жанеиро во Бразил, каде живеат луѓе од работничката класа денеска падна, а загинаа најмалку двајца, што укажува на несигурноста на градбите во некои делови од градот за кои властите велат дека во нивната изградба удел има организираниот криминал.
Локалните жители за Ројтерс велат дека чиле гласна бучава и виделе пожар, што предизвикало паника во западната населба Рио дес Пeдрас.
На терен излегле повеќе од 100 пожарникари и останати работици од јавната безбедност.

Загинаа маж и дете
Под урнаитните биле маж, жена и дете, соопштија властите.
Според извор од јавната безбедност, кој не е именуван и е анонимен затоа што не смее да раговара со медиуми, преживеала само жената.
„За жал, ги изгубивме другите двајца“, вели тој.
Рио дас Педрас е родното место на ткн. „милиција“ во Рио де Жанеиро и под контрола е на организираните криминални групи. Иако изворно се створени за одбрана на жителите од наркобандите, милицајците сега се параван за криминалот.
Тие групи зајакнаа во последните 20 години, вршејќи сложени, профитабилни и смртоносни рекети по цел град.

Станбени згради без градежна дозвола
Меѓу своите операции на заработка на пари групите градат згради без официјално одобрение или градежна дозвола и ги изнајмуваат живеалиштата, понекогаш со катастрофални последици.
Властите не ја одобриле ни зградата која се сруши денеска, велат извори вклучени во спасувањето.
Во соседниот кварт Итханги 2019 година се урна зграда која исто така, ја изгради милицијата и протиа загинаа две лица.