Во понеделник се одржува Саем за студирање во Франција
Францускиот институт во Скопје во понеделник ќе го организира Саемот за студии во Франција од 11 до 16 часот . Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.
Саемот е можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.
Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование Кампус Франс.