Во Појасот Газа убиени најмалку 235 палестински новинари и медиумски работници
Најмалку 235 палестински новинари и медиумски работници се убиени, голем број се повредени, а многумина исчезнале во текот на војната во Појасот Газа.
Меѓународната федерација на новинарите (ИФЈ) и Палестинскиот синдикат на новинари те(ПЈС) ги осудија убиствата и нападите врз новинарите и медиумските работници и побараа итна истрага.
Во вакви опасни услови ИФЈ ги потсетува новинарите на терен да преземат мерки на претпазливост, да носат професионална заштитна опрема и да не патуваат доколку медиумската компанија не им ја обезбеди целата потребна професионална безбедносна опрема за известување. Ниедна приказна не е вредна колку животот на еден новинар – се наведува во соопштението на ИФЈ.
ИФЈ во соработка со Палестинскиот синдикат на новинарите се обидува да ги потврдат информациите и да ги документираат сите убиства.
Меѓународната федерација на новинарите објави список на убиени новинари и медиумски работници убиени од почетокот на војната во Појасот Газа.