Во Нов Дојран пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна


Во Нов Дојран пронајдена е неексплодирана граната од Првата светска војна.

-Во Полициското одделение Нов Дојран вчера Д.А.(78) од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната. Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнало гранатата, при што е утврдено дека се работи за неексплодирана артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна – соопшти Министерството за внатрешни работи.