Во Норвешка падна американски воен авион, загинаа четворица

Во падот на американскиот воен авион ноќеска на северот на Норвешка, загинаа четворица, соопшти локалната полиција.
Авионот MV-22B Osprey на американската морнарица, во кој имало четири лица, учествувал во воена вежба кога се урнал.
Хеликоптерите не може да дојдат до местото на несреќата поради лошите времеснки услови
Спасувачките служби стигнале до местото на несреќата по копнен пат рано утрово, откако хеликоптерите не можеле да слетаат поради лошите временски услови.
„Полицијата стигна на местото на несреќата околу 1.30 часот За жал, потврдено е дека сите четири лица во авионот загинале“, рече Ивар Бо Нилсон, еден од локалните полициски шефови.
Се верува дека сите загинати се државјани на САД, соопшти полицијата.
Се истражува причината за несреќата, а истрагата ја отежнува лошото време.