Во Нигерија повторно киднапирани 150 ученици
Моторизирана банда киднапира голем број деца, повеќе од 150 ученици, во исламското училиште „Салиху Танко“ во Рафа, Нигерија.
Едно лице е убиено, а друго е во критична состојба, објави Ројтерс.
Тамошната полиција потврди дека се случил инцидентот, но не наведоа колку деца се киднапирани. Вооружени, моторизирани бандити влегле во училиштето и ги однеле децата.
Киднапирани повеќе од 150 ученици
Сопственичката на училиштето Абубакар Тегина изјави дека сведочела на нападот. Рекла дека видела околу 20 до 25 вооружени мажи киднапери на мотори, а претпоставува дека киднапирале повеќе од 150 ученици и ученички.
Вели дека киднапеите ослободиле 11 ученици затоа што биле премали и не можеле да одат. Во нападот е заробена и група патници од автобус кој таму се нашол.ж
Инцидентот е последен во низата слични масовни киднапирања во нигериските школи, а зад нив стојат вооружени банди кои бараат пари за откупнина. Бројни училишта се затворени поради чести инциденти.