Во недела, освежување со дожд

Времето во следните денови ќе биде посвежи, затоа што ветрот го менува правецот и ќе дува од север.
Тоа ќе придонесе за благо опаѓање на температурата.
Имено, како што прогнозира УХМР, во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба.
Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.