Кочани во солзи, граѓаните се простија од загинатите во пожарот

Додека траеше церемонијата, луѓе припаѓаа од тага на гробишта, така што неколкупати одекнуваа сирените на Брзата помош


 

Денеска во Кочани се погребаа 31 жртва од катастрофалниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ минатиот викенд, паралелно со погребите во неколку градови и населени места низ земјата.

Пожарот однесе 59 животи, главно млади луѓе, вклучително и неколку членови на поп-бендот ДНК, кои настапуваа кога пламените јазици ја проголтаа дискотеката. Власта постави кордони околу погребните места за да обезбеди приватност за семејствата кои тагуваат.

Во Кочани стотици ожалостени граѓани облечени во црно и со ликови на загинатите на градите чекореа по земјени патеки до свежо ископаните гробови обележани со хартиени знаци. Многумина носеа венци со бели цветови или држеа фотографии од настраданите. Додека траеше церемонијата, луѓе припаѓаат од тага на гробишта, така што неколкупати одекнуваа сирените на Брзата помош, а хеликоптер го надлетуваше градот.

Голем број младите кои во групи пристигнуваа на гробиштата носеа црни маици со натпис: „Почивајте во мир ангели наши. Се збогуваме со нашата иднина“, порача расплакана постара жена.

 

Верската служба на градските гробишта ја предводеше свештенството од Македонската православна црква, додека персоналот на Црвениот крст и итната помош беа присутни за поддршка на ожалостените семејства.

 

Пред погребите, православниот архиепископ Стефан повика на национално единство во молитва за жртвите и нивните семејства.

На погребот покрај граѓаните на Кочани беа присутни и многу граѓани од други градови на Македонија. Додека траеше церемонијата градот беше празен, место врева од деца имаше само полицајци и возила за брза помош.