Во „Мајкрософт“ работеа четири дена во неделата и ја зголемија продуктивноста за 40 проценти


Компанијата „Мајкрософт“ во Капонија тестираше работна недела од четири дена и откри дека овој експеримент даде прилично неочекувани резултати.

Технолошкиот гигант забележа пораст на продуктивноста од речиси 40 проценти, по намалувањето на работното време во рамките на проект кој за цел имаше промовирање на поздрава рамнотежа помеѓу работата и животот.


Во рамките на овој проект, „Мајкрософт“ еден месец ги затвораше вратите на компанијата во петок, за 2.300 вработени да имаат викенд од три дена.
А во текот на тој период компанијата ја мереше продуктивноста (продажба по вработен) и забележа пораст од 39 проценти во однос на август 2018 година.


Една од клучните причини за една компанија е да ги ограничи состаноците на 30 минути. Покрај придобивките од продуктивноста, „Мајкрософт“ забележа и за 32,1 процент помала употреба на електрична енергија.