Во Лос Анџелес забележана највисока температура досега – 49,4 степени
Рекордно високи температури се забележани во делови од Калифорнија во неделата, кога топлинскиот бран ја погоди земјата, а властите се борат со пожарите.
Националната метеоролошка служба забележа рекордни 49,4 степени Целзиусови на Вудланд Хилс, официјално највисока температура збележана во округот Лос Анџелес.
Претходниот рекорд беше 48,3 степени во 2006 година.
Во Пасо Роблес, град познат по винариите во округот Сан Луис Обиспо, измерени се 47,2 степени со што е надминат претходниот рекорд од 46,7 степени вод 2007 година.
Бо градот Бурбенк, во предградието на Лос АНџелес, температурата била 45,5 степени.
Калифорнискиот гувернер Гавин Њусом уште во август прогласи вонредна состојба ширум земјата, заради борбата со пожарите.
Спалени се десетици илјади хектари, уништени домови, а илјадници жители мораа да се евакуираат.