Во Лазарополе најстудено, најтопло во Куманово, Дебар, Скопје, Гевгелија и Дојран


Во Лазарополе утрово е измерена најниска температура од 1 степен, а 10 степени Целзиусови се измерени во Куманово, Дебар, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија и Дојран.

Како што соопштија од УХМР, во Берово се измерени 2 степени, 3 во Маврови Анови, 4 Попова Шапка, 6 во Крива Паланка, Охрид и Претор, 6 степени и во Битола, Тетово, 7 Крушево, Скопје-Петровец, 8 Струмица, Прилеп, и Штип, 9 степени во Виница, Велес, Демир Капија и Кавадарци. 

Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност, а само во североисточниот дел има зголемена облачност која брзо се преместува кон југ. Понекаде дува слаб променлив ветер.

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе има зголемена променлива облачност и услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје времето сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 24 степени.