Во Канада ќе се населат 20.000 Авганистанци


Канада соопшти дека ќе прими повеќе од 20.000 Авганистанци кои се во опасност и се принудени да бегаат под налетот на талибаните.

Имиграциониот министер на Канада Марко Мендисако ја потврди оваа информација, а високи канадски политичари во јуни рекоа дека бројни Авганистанци кои соработувале со канадската влада ќе можат да се населат во таа северноамериканска држава, пренесе весникот „Хил“.

„Владата на Канада мнгоу е загрижена поради влошувањето на сосотојбата во Авганистан, како и поради ризикот за многу Авганистанци“, соопшти канадската влада.

Се додава дека канадската специјална иниграциона прграма веќе доведе бројни Авганистанци во Канада, чии тимови постојано работат ширум светот да доведат што повеќе луѓе на безбедно.

Канада планира и да покрене специјална програма која се фокусира на приемот на „посебно ранливи групи“, вклучително „жени лидери, активисти за човекови права, новинари, прогонети верски малцинства, припадници на ЛГБТ популацијата“.

Владата додава дека апликантите мора да поминат низ процес на прием, за да се одреди во кој дел од Канада може да одат. Министерот за одбрана на Канада, Хаџит Саџан рече дека некои канадски војници веќе виле во Авганистан и помагале во процесот на префрлање на Авганистанците во Канада, пренесе Танјуг.