Во Израел успешно раздвоени сијамски близначки – можат да се видат за прв пат, неврохирурзите пресреќни


Лекарите во Израел успеале да раздвојат сијамски близначки. Едногодишните сестрички успешно закрепнуваат по долга и комплицирана операција.
Живееја една година како едно, а сега се разделени по најважната операција.
„Очекувањата за целосно раздвоените бебињата е и двете да бидат здрави како што се денес. Тоа е тимска работа, не е работа на една личност, работа е на многумина “, рече неврохирургот Мајки Гидеон.
Во операционата сала, тоа беше предизвик и за лекарите бидејќи ова е прв случај на разделување на сијамски близнаци во Израел, пренесува Дневник.хр.
„Направивме менингеална реконструкција и реконструкција на черепот. Пластичните хирурзи ја продолжуваат операцијата и ја затвораат кожата, го завршуваме процесот на одвојување на близнаците, тоа помина исклучително добро. Воодушевен сум од тоа колку целиот тим беше успешен, “, рече неврохирургот Овасе Јeелани.


Операцијата траеше 12 часа и присуствуваа меѓународни експерти. Тимот се подготвуваше за операцијата со месеци.
„Со операционата сала, која специјално ја подготвивме за тоа, и со хируршкото опкружување, модели на близначките во виртуелна реалност и 3D модели, се подготвивме однапред“, потврди неврохирургот.
Близначките се родени во август минатата година.