Во Италија запален вакцинален центар


 

Рано утрово во Бреша непознати лица фрлиле молотови коктели и делумно оштетиле центар за вакцинација, шатор кој бил поставен во центарот на градот за имунизација и тестирање на Ковид-19, објаци весникот „Фато котидијано“.

СПоред полицијата, избил пожар, но нема повредени. Причинета е материјална штета, а не е оштетен делот каде биле сместени медицинските материјали.

За сега не се зане кој го сторил тоа.

Весникот потсетува дека пред две недели сличен напад, фрлање запалливи шишиња, изведен е во влезот на Високиот институт за здравство во Рим, установа која ги анализира мерките и дава упатства за заштита.