Во Хрватска пристигнаа 19 бегалци од Авганистан, кои работеле во мисијата на ЕУ
Вечерва, 19 авганистански државјани пристигнале на аеродромот во Загреб кои работеле во делегацијата на ЕУ во Кабул, објавило Министерството за внатрешни работи.
Во знак на европска солидарност, Хрватска одговорила на повикот на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) и одлучила да прифати 20 лица чии животи и безбедност биле загрозени со доаѓањето на талибанскиот режим.
Во соработка со Министерството за надворешни и европски работи и МВР биле извршени сите потребни дејствија, а вечерва на аеродромот во Загреб пристигнале 19 авганистански државјани, односно три семејства со деца и едно лице.
Тоа се луѓе и членови на нивните семејства кои ја поддржале делегацијата на ЕУ во Кабул, а претходно ги поминале сите потребни безбедносни проверки. Сите тие ја изразиле својата намера да аплицираат за меѓународна заштита во Република Хрватска.
За нив се грижеле вработени во Имиграционата управа на Министерството за внатрешни работи и бидејќи меѓу нив има десет малолетници, тие ќе бидат сместени во сместувачкиот капацитет на МВР за ранливи групи.