Во Хрватска потврден првиот случај на флурона – корона вирус и грип одеднаш


Во Хрватска потврден е првиот случај на т.н. флурона – кога некое лице има и грип и корона вирус одеднаш, јавуваат хрватските медиуми.

Јасмина Вранеш, раководител на Одделот за клиничка микробиологија на Националниот институт за јавно здравје од Хрватска за ХРТ потврди дека на една пациентка вчера ѝ биле дијагностицирани двата вируса – грип и корона вирус.

„Не е непознато дека е можно да се заразиме со повеќе патогени одеднаш. Треба да видиме каква ќе биде клиничката слика во случаите на т.н. флурона“, рече Вранеш.

Епидемиологот Дијана Мајер ги опиша симптомите на грип и корона вирус. Вели дека се совпаѓаат и тешко се разликуваат.

„Грипот има потешки симптоми, се појавуваат побрзо – температурата е 39 степени и има болки во мускулите. Со Kовид-19 симптомите се поблаги и болеста постепено напредува. Двете комбинации зависат од поединецот, статусот на вакцинација и коморбидитетите на лицето. Не е исто дали помлад или постар ќе добие. Во секој случај, вакцинацијата и против грип и против Kовид-19 се препорачува, а не е задолжителна“, истакна Мајер.

Во Хрватска бројот на новозаразени со корона вирус продолжува да расте на неделно ниво. Повеќе од 55 проценти од позитивните на ковид-19 се во Сплитско-Далматинскиот регион.

Првиот случај со флурона беше забележан во израел пред неколку дена. Таму, трудница беше болна од корона вирус и од свински грип. Таа почина, а детето преживеа. 

Годинава, поверојатно е да се појавуваат вакви случаи. лани, поради рестрикциите и заклучувањата, случаи со грип речиси да немаше, а годинава тој повторно зема замав.

Лекарите сметаат дека доколку луѓето се вакцинирани против сезонски грип, помалку евројатно е да заболат од флурона.