Во Хрватска падна седумка на Лото вредна 1 милион евра
Вечерва во извлекување на Лото7 среќен беше извлечена добитна комбинација 1, 5, 7, 9, 22, 27, 33 и дополнителниот број 25 која на за сега непознат играч му донесе добивка во износ од 1.000.000 евра.
Добитниот тикет се играше онлајн на www.lutrija.hr. Среќниот добитник одигра системски тикет од 9 комбинации. Вкупниот износ на уплатата е 9 евра.
Следното извлекување за играта Лото 7 е во среда, 9 октомври 2024 година, а загарантираната главна награда е 1.000.000 евра, јавија хрватските медиуми.