Во Хрватска денеска има 19 нозозаразени од корона

Бројот на нови случаи во Хрватска за последните 24 часа е 19, со што вкупно има 2.336 пациенти со корона вирус, соопшти Националниот штаб.
Најмногу од новозаразените се во Загреб – 9.
Досега се тестирани 72 746 лица, од кои 268 во последните 24 часа. На болничко лекување се девет 9 лица. Нема пациенти на респиратор.
Вкупниот број на оздравени е 2.142 година.
Од нив, 834 биле отпуштени од болница, а 1.314 луѓе закрепнале дома.
Во Хрватска починаа 107 лица.