Во Хрватска близу 9.000 позитивни, починаа 36 пациенти, од понеделинк нови мерки
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 8.817 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 42.242.
Од нив 1.820 пациенти се на болничко лекување, а 249 на респиратор. Тестирани биле 19.865 луѓе.
Починаа 36 лица.
Поради порастот на заразени, за што виновна е новата варијанта омикрон, во понеделник стапуваат на сила нови мерки. Ќе бидат забранети јавни собири и случувања на отворено со повеќе од 50 учесници (досега беа 100), а оние со ковид-пропусници се ограничени на 200 лица.
Во затворено се забрануваат јавни собири до 25 лица (досега беа 50), а со ковид=пропусници на 100.
Нема да има промена на работното време на угостителските објекти, но ќе има подобрена контрола.
Од понеделник се ограичува и присуството на спортски натрпевари, на затворено до 20 отсто од трибините, а на отворено до 40 отсто.
Употребата на маски е задолжителна и со поседување ковид-пропусница на сите верски, уметнички, кино-проекции и изложби и на седниците на претставничките тела.
Се воведува и обврска работодавачите ако можат да организираат работа од дома.