Во градинката во Бразил тинејџерот уби петмина


 

Петиман се убиени во вчерашниот напад во градика во градот Саудадеш во Бразил, откако 18-годишник со мачета нападна деца и вопситувачи, соопшти полицијата

Меѓу жртвите се три мали деца од две години и двајца воспишувачи.

Откако ги убил, напаѓачот се обидел да се убие со истото оружје, но во критична состојба е пренесен во болница.

Уште не е јасен мотивот на нападот.

Во мометот на нападот во градинката каде се згрижуваат деца до три годипна возраст имало десетици деца.

Четвортото дете кое ежртва на нападот има полесни повреди.

Имено, воената полиција соопшти дека во 10.35 часот соседите пријавиле дека во градинката има со мачета вооружен човек кој ги напаѓа децата и вработените.

Неименуваниот напаѓач најпрво нападнал воспитувачка на влезот од градинката, а потоа ја следел низ собите, каде и ги убил децата.

„Чув врисоци и повици за помош, излегов и видов колешка ккоја ми рече: „Те молам, викни полиција, дојде вооружен човек и убива деца“, вели воспитувачката Алин Биазебети за агенцијата АФП.

Полицаец на прес-конференција посведочи дека напаѓаот имал меч во стил на самураите.

Во државата Санта Катарина прогласена е тридневна жалост.

Во претходните години во Бразил во слични напади убивани се деца во училишта, но на постари ученици.