Во Франција убил полицајка, викал „Алаху акбар“


 

Маж во франција со нож избоде и уби полицајка, во полициската станица во близина на париз, по што него го убиле другите полицајци, пишува Фигаро.

Напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“, наведува АСФП.

Инцидентот се случил денеска околу 14.20 часот, наведува полициски извор и додава дека и жртвата и напаѓачот се мртви. Тој би државјанин на Тунис, а во франција пристигнал во 2009 година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин соопшти дека заминал за полициската станица каде се случи инцидентот.

Француската антитерористичка полиција денеска покрена истрага за смртоносниот напад со нож на полицајката.

Според шефицата на парискиот регион, нападот може да се карактеризира како тероризам.

„Франција изгуби една од секојдневните хероини во варварски гест на бескраен кукаичлук“, рече премиерот Жан Кастекс.

Напаѓачот бил Тунижанец кој во Франција престојувал легално, а не бил познат на француските сигурносни агенции.