Во фабриката „Џонсон мети“ одбележан „Денот на семејството“


 

Компанијата „Џонсон Мети“ заедно со своите вработени и нивните семејства го одбележа „Денот на семејството“ во дворот на фабриката во Скопје.

Децата и другите членови на семејството на вработените учествуваа во повеќе активности за време на овој годишен настан. Покрај забавните игри, сесиите на фотоштандови и експериментите со тимот на Лабораторијата „Џонсон мети“ за децата, имаше и тури во фабриката што ги водеа група вработени волонтери.

Од компанијата велат дека ваквите настани не само што ги зајакнуваат односите со вработените, туку им даваат можност и на децата и другите членови на семејството да видат каде работат нивните родители или саканата личност, како изгледа работното место и во каква средина работат.

„Не треба да се работи само за испраќање покани до членовите на семејството за годишниот собир. Треба да одвоите време, каде ќе можете да направите да се чувствуваат посебно и да им дадете незаборавно искуство. И што е најважно, тоа треба да се направи постојано“, рече Боријан Борозанов, извршен директор на фабриката во Скопје.

За Катерина Секуловска, вработена која учествуваше во организација на „Денот на семејството“, тоа претставува можност да се сподели со најблиските „не само каде работам и каде се одвиваат процесите, туку да ја споделам со нив гордоста што работам во фабрика која се грижи за своите вработени, за животната средина и какво наследство остава таа на овој свет“.