Во Данска дури 64 отсто од населението добива струја од алтернативни извори
Во извештајот на тинк тенк организацијата Ембер наведено е дека во првата половина од годинава во светот десет отсто од населението добивало електрична енергија од ветерници и соларна енергија. Тоа е значително подобрување во однос на периодот од пред пет години кога тоа изнесувало пет отсто.
Светски лидер во ова е Данска каде 64 отсто од домаќинствата струја добиваат од ветерници и на соларен погон. СЛедуваат Ирска со 49 и Германија со 42 отсто.
Во Велика Британија изнесува 33 отсто, во Австралија 17, Турција 13 и САД со 12 отсто.
Бразил, Кина, Индија и Јапонија десет отсто од населението покриваат со енергија од наведените извори.
Земјите ширум светот градат ветротурбини и поставуваат соларни панели како замена за јаглен и гас. Во извештајот се сугерира продолжување на менувањето на праксата за енергија да се користи јаглен, како мерка во борбата против глобалното затоплување. Истакнато е дека во текот на пандемијата од корона вирус производството на јаглен падна за осум отсто.