Во Чернобил снемува гориво за ладење на радиоактивниот отпад
Градоначалникот на украинскиот град каде руските војници ги држат како заложници работниците од нуклеарната централа Чернобил, предупреди на „целосна катастрофа“.
Јуриј Фомичев, градоначалник на Славутич во северниот дел на земјата, упати очајна молба во која се вели дека на градот му снемува гориво на локацијата, вклучително и резервни генератори за итни случаи за неговите безбедносни системи и храна за работниците.
Апелирајќи за хуманитарен коридор, градоначалникот изјави за „Дејли мејл“ дека „сите безбедносни системи се поддржани на генераторите, на кои исто така им снемува гориво“.
Тој додаде: „Ако системите за ладење престанат, макар и за некое време, ќе добиеме уште една Фукушима [референца на јапонската нуклеарна катастрофа во 2012 година]“.
Електраната има 20 тони нуклеарен отпад за кој е потребно постојано ладење за да се спречи истекување на радијацијата преку испарување.Чернобил беше заземен од руските трупи пред три недели и оттогаш има недостиг од храна и гориво. Според извештаите, руските војници го тераат персоналот на опколената електрана да работи под закана со оружје.