Во Брисел отворена спомен-соба во чест на Есма и Стево Теодосиевски


Во Брисел е отворена спомен-соба во чест на кралицата на ромската песна Есма Теодосиевска и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски, информираше посинокот Симеон Атанасов. 
–Мојата идеја немаше да стане реалност без големата поддршка на г-дин Оливие Бони и неговата сопруга Елеонора Мустафовска. Нивната организација „ESMA-CARREFOUR DE CULTURES“, која е главен организатор на оваа изложба, планира да го претстави овој проект во неколку градови низ Европа.

Изложбени експонати

Во Брисел, од 1 октомври до 15 октомври, ќе бидат изложени фотографии, како и неколку фустани што Есма ги носеше на нејзините концерти, накит, најновата книга на авторот Славе Катин, итн.…
-За жал, не успеавме да зачуваме многу дела за изложување, но се надевам дека еден ден ќе бидат казнети оние што незаконски однесоа се што беше вредно од долгата кариера на Есма и Стево Теодосиевски. Апелирам до надлежните институции, „Господа“, нека ова биде уште еден поттик за вас да го решите судскиот спор што трае речиси пет години. Есма и Стево Теодосиевски заслужуваат многу повеќе, бидејќи тие се уметници што го оставија целиот свој труд на Македонија – нагласи Симеон…

Спомен соба

Дел од традиционалната носија на Есма

Единствената ќерка на Есма, Елеонора Мустафовска, која не го криеше задоволството од успешно спроведената мисија, зборуваше и за спомен-собата:
– Ми значи премногу и многу сум среќна што можам да направам се за мама Есма, бидејќи направи многу за мене, заслужува многу повеќе од ова. Со сопругот Оливие Бони направивме организација, наречена „ESMA – CARREFOUR DE CULTURES“, бидејќи ни е од големо значење да се направат уште многу проекти, кои ќе ја опфатат ромската култура и традиција“.

Организаторите


Сопругот на Елеонора, Оливие Бони, ја нагласи потребата за таков афирмативен концепт и прецизираше:
– Со нашата невладина организација, ние сме многу среќни што успеавме многу подетално да ги откриеме животот и кариерата на Есма, бидејќи таа беше важна фигура во балканската и ромската музика. Моравме да бидеме трпеливи бидејќи година и пол нашите активности, нашите желби беа во мирување, но сега започнавме со активности! Оваа изложба е место за откривање, за медиуми кои поддржуваат размена и дијалог меѓу заедниците, меѓу нациите. Музиката и уметноста не познаваат граници и не сакаме изложбата да патува во други градови и земји. Тие, исто така, сакаат да ги охрабрат луѓето кои премногу често се сметаат за изолирани од општеството, бидејќи меѓу Ромите има многу уметници и творци, а самата Есма тоа го демонстрираше цели 55. години.

Извор:svet-australia