Во Белгија од 1 јануари забрана за продажба на еднократни „вејпови“


 Со цел да се заштитат младите, ќе биде забранета продажбата на еднократни „вејпови“, кои се фрлаат по употреба бидејќи нивните батерии не можат да се полнат и траат до пет дена кога се користи уредот.

Компанијата „Паф“ (Puff Bar), која произведува дел од тие уреди чија продажба ќе биде забранета, има широк спектар на вкусови – нане, јаболко, лубеница, кока-кола, бонбони од разни видови.

Забраната е дел од планот на Белгија за ограничување на пушењето и целта на Европската унија (ЕУ) до 2040 година да има генерација без тутун – тутун да консумира помалку од пет проценти од населението.

Експертите предупредуваат дека хроничното консумирање никотин е особено штетно за мозокот на адолесцентите.