Во авионска несреќа загина бразилска кантри-ѕвезда и добитничка на латино Греми


Бразил- Марилија Мендонча, една од најпопуларните бразилски пејачки и добитничка на латино Греми, загина вчера во авионска несреќа на пат кон концерт. Таа имаше 26 години.
Прес-службата на Мендонча ја потврди нејзината смрт во соопштение и рече дека загинале уште четворица патници на летот. Нивниот авион се урна меѓу родниот град на Мендонча, Гојанија и Каратинга, мал град во државата Минас Жераис северно од Рио де Жанеиро.
Цивилната полиција на државата Минас Жераис, исто така, ја потврди смртта на Мендонча, без да даде детали за причината за несреќата, која се случи непосредно пред пристигнувањето. Фотографиите и видеата покажуваат дека авионот лежи веднаш под водопад; Мендонча вчера попладне објави видео на кое се гледа како оди кон авионот со футрола за гитара во рака.


Ѕвездата во подем во Бразил беше препознатлива по еден вид кантри музика, наречена сертанејо. Таа беше позната по справувањето со феминистичките прашања во нејзините песни, како што се осудуваше мажи кои ги контролираат своите партнерки и повикувајќи на женско зајакнување.
Веста за нејсината смрт предизвика излив на тага на социјалните мрежи од сите страни на Бразил, вклучувајќи навивачи, политичари, музичари и фудбалери. Нејзиниот Инстаграм профил има 38 милиони следбеници.
„Одбивам да верувам, едноставно одбивам“, напиша на Твитер бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, кој е пријател на Мендонча, по објавувањето на веста. Сочувство изрази и бразилската влада.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, исто така, ги искористи социјалните мрежи за да жали за смртта на „еден од најголемите уметници на нејзината генерација“.
„Целата земја ја прими веста во шок“, рече тој.
Нејзиниот албум „Em Todos os Cantos“ ѝ донесе латино Греми за 2019 година за најдобар албум „Сертанеџо“. Таа оваа година беше номинирана за истата награда за „Патроас“.
Мендонча зад себе остави син, кој следниот месец ќе наполни 2 години. (АП)