Во Аргентина пронајден ранец на планинар кој починал пред 40 години – внатре имало филм со фотографии


Двете ќерки на аргентински планинар кој починал пред 40 години, го пронашле неговиот ранец, кој бил заробен во мразот, и ролни филм, кои им помогнале да дознаат повеќе за последните моменти на нивниот татко. Гиљермо Виеиро имаше 44 години кога почина во 1985 година додека се спушташе од завеаниот вулкан Тупунгато во Аргентина, висок повеќе од 6.500 метри, на границата со Чиле.

Пронајдено е неговото тело и телото на друг алпинист, но не и нивните предмети. Минатата година планинарката Габриела Каваларо пронашла ранец во мразот од кој успеала да извлече само камера и ледена секира.

Откако било утврдено дека предметите му припаѓаат на Гиљермо Виеира, таа стапила во контакт со неговите ќерки кои постојано се искачувале на областа под Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка, на 6.962 метри.


Ќерката на исчезнатиот планинар со неговиот ранец

Ранецот бил на надморска височина од 6100 метри
Во февруари, Гвадалупе и Азул Виеиро, кои сега имаат 40 и 44 години, тргнаа во 11-дневна експедиција за да пронајдат ранец кој се појавил на надморска височина од 6.100 метри, а се е снимено на камера.

“Во моето семејство зборот “планина” отсекогаш бил забранет. Мајка ми не сака ништо да има врска со откривањето на овој ранец. Тоа е семејство скршено од тага, од празнина”, вели Азул Виеро, која имала само четири години кога починал нејзиниот татко.

Во ранецот се пронајдени јакна, вреќа за спиење, шише со вода, аспирин, таблети со витамин Ц, ножеви и две макари филм Super 8.

Сестрите велат дека вака успеале да дознаат повеќе за нивниот татко, кој речиси и не го познавале. „Мајка ми никогаш не ни кажа кој е тој, знаевме дека умрел во планините, но ништо друго, па тоа беше како повторно да ја открив неговата приказна“.

Снимката покажа дека Гиљермо Виеиро и неговиот партнер за искачување Леонардо Рабал (20) биле првите алпинисти кои стигнале до врвот Тупунгато преку неговата најтешка, источна страна.