ВМРО-ДПМНЕ: Струмица и Центар купиле машини 100 отсто поскапи од тоа што чинат според СДСМ
Функционерите на власта, во конкретниов случај директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта и градоначалниците на Струмица и Центар ги оштетиле граѓаните за суми од стотина и десетици илјади евра.Доколку тврдењето на СДС дека истите машини се купуваат за 2 до 3 илјади евра е точно, тогаш нивните функционери направиле огромна злоупотреба.Недозволиво е институциите да молчат кога и самата СДС тврди дека машини за бележење на пат какви што купиле нивните функционери за 250 илјади евра, за 16 или 20 илјади евра, чинат само 2 до 3 илјади.
Очекуваме брза реакција на ЈО, но и одговор од директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, како и градоначалниците на Струмица и Центар, каде завршила разликата од реалната набавна цена од 2 до 3 илјади евра и таа што тие ја платиле? – порача Јаревски.