ВМРО-ДПМНЕ: И Зечевиќ ширел ковид на Водици


Бухова да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од ковид тестирањето на Миле  Зечевиќ, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ тврдејќи дека и тој бил позитивен и ширел ковид на Водици, како градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков за кого беше најавена кривична пријава. 

-Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ нека се однесува како што и прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ. Тој е позитивен и  на Водици во Охрид ширел корона.Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини. Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, да му поднесат кривична пријава на Зечевиќ, повикуваат од ВМРО-ДПМНЕ не споменувајќи го Пецаков. 

Пецаков на Водици без заштитна маска присуствуваше на одбележувањето на христијанскиот празник во Охрид. Се сретна со евроамбасадорот Дејвид Гир, а беше на литургија со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.