Владимир Путин потврди дека ќе се кандидира за претседател на Русија по петти пат


Владимир Путин ќе бара уште еден претседателски мандат во Русија во обид да го продолжи своето владеење повеќе од две децении, јавуваат руските државни медиуми.

Како што беше наведено претходно, иако речиси општо се очекува тој да биде реизбран на изборите на 17 март следната година, Путин сè уште официјално не објавил дека ќе биде кандидат.

Руската новинска агенција Тас потврди дека актуелниот руски претседател ја потврдил својата намера да се кандидира.

Актуелниот претседателски мандат на Путин истекува на 7 мај следната година. Следните претседателски избори во Русија се закажани за 17 март.

Путин ќе се кандидира за претседател по петти пат. Во случај на победа, што не е тешко да се предвиди во режимот што го воспостави, тој ќе остане на функцијата уште шест години, до 2030 година.