Владата веќе спроведувала мерки за чист воздух, резултатите никој не ги гледа
Владата ги отфрла критиките од опозицијата дека не прави ништо да го реши загадувањето и наедно тврди дека веќе донела Акциски план за чист воздух и ги имплементира мерките предвидени во него. КАков е тој план и какви мерки импелентираат и колку, се гледа по тоа колку е нечуст и гадаен воздухот изминатите денови. Колку да ја замајуваат јавноста дека нешто прават пратија соопштение во кое тврдат дека по усвоениот Акциски план од ноември 2024 година, т.е. од пред месец ипол, спроведуваат краткорочни мерки кои вклучуваат меѓу другото вонредно миење на улиците (што никој не го видел), вонредни контроли на градилиштата (се гради без контрола и надвор од законите) и, што е најсмешно, строга контрола на горење на отворено – по сите оние бадникови огнови што го отруја Скопје, а немаше ни апел да не се палат.
„Овој Акциски план е изработен од Министерството за животна средина и просторно планирање и е донесен 21 ноември 2024 година. Во него се предвидени сите мерки кои СДС сега како загрижена опозиција ги предлага, како што се правилно користење на огревното дрво за затоплување на домовите, вонредни инспекциски надзори на инсталации со А и Б интегрирани еколошки дозволи, вонредни контроли на станиците за технички преглед на возила, вонредни контроли на техничката исправност на возилата, редовно чистење на атмосферските шахти и миење на улиците и тротоарите, вонредни контроли на градилиштата, строга забрана за горење на отворено и така натаму.
Исто така, се доделија и ваучери за инвертер клими со цел промена на начинот на затоплување на домовите и истата мерка ќе продолжи и годинава.Освен овие краткорочни мерки кои се на сила и се спроведуваат, за да се реши проблемот со загадувањето потребни се и долгорочни мерки и инвестиции како што е изградба на гасна централа, која ќе овозможи еколошки и пристапен за сите начин на затоплување на домовите и конкурентна енергија за стопанството и индустриските капацитети.За изградба на една ваква централа, веќе има заинтересиран инвеститор и ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи што побрзо да се дојде до договор и до нејзина реализација“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ во име на Владата.
Затоа не пропуштија да кажат дека СДСМ за време на седумгодишното владеење не направиле ништо и не презеле никакви мерки за намалување на загадувањето на воздухот.
„Да направеа нешто, како што впрочем сега од опозиција тврдат, до сега веќе би ги почувствувале првите резултати и Скопје и другите македонски градови, со сигурност, немаше да бидат лидери на европските и светски листи по загаденост на воздухот.Во однос на борбата против загадувањето, СДС буквално ги проспаа седумте години на власт и сега за шест месеци очекуваат чуда да се случат и воздухот наеднаш да стане чист без штетните честички“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот е што никој не очекува дека ќе го исчистат воздухот нидз државата туку дека барем ќе преземат мерки на краток рок и ќе почнат да ги адресираат клучните причини за загадувањето.