„Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот, тврди СДСМ
Според опозициската СДСМ причината зошто не работи апликацијата „Мој ДДВ“ е едноставна – нема пари во буџетот.
„Апликацијата ‘Мој ДДВ’ пет дена по ред е нефункционална. Иако се најавува дека денеска била ставена во функција граѓаните и натаму се соочуваат со низа на проблеми.
Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во периодот кога тоа најмногу го прават.
Ова не е случајно. Ова е директна последица од празната државна каса. Кога нема пари во буџетот, државата нема ниту намера да им ги врати парите на граѓаните.
Наместо да се грижи за граѓаните и да обезбеди нормално функционирање на институциите, Мицкоски и неговата банда ја доведоа државата до ситуација во која дури и основните услуги за враќање на пари на граѓаните се блокирани“, вели во соопштението СДСМ.